понеделник, 21 октомври 2024

Новости: Утрово во Белград е уапсен хрватски шпион

Рано утринава во реонот на градот Белград, Безбедносно-информативната агенцијата (БИА) во соработка со други надлежни државни органи спроведе контраразузнавачка акција и уапси хрватски шпион, тврди српскиот весник Новости.

Илустрација: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведува весникот, акцијата е резултат на неколкумесечната оперативна работа на БИА и „продолжувањето на сузбивањето на шпионажата и деструктивно-субверзивните активности на хрватската разузнавачка и безбедносна служба СОА“.

Министерството за надворешни и европски работи нема сознанија дека всушност се случило апсење на „хрватски шпион“, пишува Индекс.хр.

„Немаме никакви информации за споменатата тема, ниту дека навистина се случил таков настан“, соопшти министерството на прашање на Хина за тврдењата на српските медиуми.

Поранешниот шеф на операциите на СОА, Анте Летица, во Студио 4 на ХРТ го коментираше случајот.

„Кога имате шпион на ваша територија, тогаш неговото апсење и неговото гонење се последен чекор во борбата против разузнавачките активности на странските служби на ваша територија. Тоа е последниот чекор и кон него се прибегнува или кога ништо друго не може да се направи или кога сакате да испратите порака до некоја влада, некоја држава итн. Во овој случај мислам дека ова е една порака до Хрватска, една порака и за Вучиќ, за неговата сила и за неговата наводна големина, па ќе видиме како ќе заврши ова на крај“, рече Летица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ