сабота, 21 декември 2024

Новороденчето од Куманово чија мајка почина по породувањето сè уште е во тешка состојба

Лекарите од Детска клиника во Скопје ја следат состојбата на новороденчето чија мајка почина во петокот при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска од Клиниката за детски болести. Оттаму велат дека не можат да прогнозираат каква ќе биде состојбата со новороденчето.

Објавено на

часот

Сподели

„Новороденото е на респираторна машина. Продолжува третманот, рано е дадеме некаква прогноза за последиците. Сè уште е во тешка општа состојба и е на респиратор“, изјави директорот на болницата, Реџеп Мемеди.

Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина во петокот при породување во кумановската општа болница. Новороденчето со екипа од болницата беше префрлено на Ургентниот центар на Детската клиника во Скопје. Јавното обвинителство ги чека резултатите од обдукцискиот наод, а истрагата ќе треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ