недела, 26 мај 2024

Новоматик отвори ново казино – Гранд казино Адмирал

Групацијата за игри на среќа Новоматик свечено ги отвори вратите на своето најново казино во Скопје  – Гранд казино Адмирал (Grand Casino Admiral), престижен објект лоциран во хотелот Лимак (Limak Skopje Luxury Hotel), во склоп на комплексот Дајмонд мол (Diamond Of Skopje).

Објавено на

часот

Сподели

По тој повод се одржаа два спектакуларни концерти во Gourmet Avenue на Diamond Mall.

Под мотото „Дојдете да ги свртиме заедно среќните коцки и да се забавуваме со најголемите македонски артисти“, Grand Casino Admiral ја започна својата приказна за создавање на врвно играчко искуство на македонскиот пазар.

Влатко Стефановски и Владо Јаневски беа задолжени за спектакуларната забава на гостите кои уживаа во најголемите хитови на нашите ѕвезди, а исто така имаа можност и да го посетат казиното и да добијат промо грепки со кои може да си ја испробаат среќата.


Прославата продолжи со Brass Brothers и нашиот урбан DJ Zoki Bejbe заедно со голем огномет.

Grand Casino Admiral претставува најсовремен архитектонски објект кој нуди широк спектар на игри во амбиент кој зрачи со елеганција за незаборавно играчко искуство.

Љубителите на живата игра ги пречекува високо обучен персонал посветен да ja направи секоја посета во Grand Casino Admiral исклучителна. Согласно највисоките светски стандарди, секој гостин добива персонализирано внимание кое обезбедува брза и ефикасна услугa.

Комерцијален текст

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ