среда, 12 март 2025

Новоматик Македонија е нов спонзор на ФФМ

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска промовираше нов голем спонзор, се работи за компанијата Новоматик која ги има брендовите Адмирал, Астра Казино и Казино Фламинго.

Објавено на

часот

Сподели

На денешната официјална церемонија беше присутен првиот човек на компанијата во Македонија, генералниот директор Александар Симовиќ, а од страната на ФФМ, претседателот Масар Омерагиќ.

„Фудбалската федерација на Македонија никогаш досега во својата историја немала ваков обем на финансика поддршка од спонзори и треба да бидеме горди што во нецели два месеци успеавме да привлечеме сериозни компании да бидат значајна поддршка за македонскиот фудбал“, рече Омерагиќ.

„Со поддршката ќе можеме да инвестираме во развојот на нашиот фудбал, подобрување на инфраструктурата, унапредување на младинските категории и организирање на уште поквалитетни натпреварувања“.

„Оваа соработка не е само спонзорство. Тоа е спој на заеднички амбиции и взаемна желба да се постигне нов резултат за македонски спортски успеси“.

Од Новоматик веруваат дека со спонзорството ќе успеат да допринесат за иднината на фудбалот во Македонија.

„Нашата посветеност кон спортот, заедницата и младите е од суштинско значење за Новоматик Македонија. Вложувањето во спортски проекти не е само дел од нашата стратегија за корпоративна одговорност, туку и искрена желба да придонесеме за развојот на македонскиот фудбал. Уверени сме дека ова партнерство ќе донесе позитивни резултати и ќе ги мотивира сегашните и идните генерации фудбалери,“ изјави Марија Митевска, претставник на Новоматик Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ