сабота, 4 јануари 2025

Новогодишна честитка на Путин до Русите: „Сѐ ќе биде во ред, само ќе напредуваме“

Рускиот претседател Владимир Путин го повика населението да се обедини во новата година, во која војната против Украина најверојатно ќе влезе во својата четврта година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Русија, рече тој, ги надмина искушенијата, постигна големи цели и го зајакна своето единство во првата четвртина од 21 век – период што точно се совпаѓа со неговото време како нејзин главен лидер.

Во време кога многумина од обичните луѓе се загрижени за растот на цените, а каматната стапка од 21 отсто на централната банка ги притиска бизнисите и купувачите на станови, Путин ги уверуваше Русите дека нивната благосостојба е негов главен приоритет, пренесува Ројтерс.

„И сега, на прагот на новата година, размислуваме за иднината. Уверени сме дека сѐ ќе биде во ред, само ќе напредуваме. Сигурно знаеме дека апсолутната вредност за нас беше, е и ќе биде судбината на Русија, благосостојбата на нејзините граѓани“, рече тој.

Без да ја спомене војната против Украина, која почна во 2022 година, Путин ги пофали руските војници, кои во моментов се борат.

„Вие што го презедовте овој голем товар сте вистински херои“, рече тој. Војниците ќе ја штитат Русија и ќе обезбедат безбедност и стабилен мир за рускиот народ, додаде Путин.

Новогодишното обраќање на претседателот, кое траеше три и пол минути, се емитува во секоја од 11-те временски зони на земјата на влезот во 2025 година, почнувајќи од Камчатка и Чукотка на далечниот исток.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ