Меси го отвори резултатот во седмата минута и го затвори во 72. минута кога погоди за конечни 3-1.
Во меѓувреме Орландо најпрво преку Араухо изедначи во 17. минута, а Мартинез од пенал во 51. го врати водството на Мајами.
На овој меч за Интер Мајами дебитираше и Жорди Алба кој влезе во игра во текот на вториот дел.
Со оваа победа Интер Мајами се пласираше во осминафиналето од Лига Купот каде ќе игра проти тимот на Далас.