недела, 20 октомври 2024

Ново шоу на Меси, два гола и асистенција за убедлива победа на Интер Мајами (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Победата беше во рамките од Лига купот на Северна и Централна Америка, со овој триумф Интер Мајами избори пласман во елиминациската фаза.

Првиот гол Меси го даде уште во осмата минута кога по асистенција од Бускетс, прво ја погоди стативата, топката се врати до него, овојпат реализираше за 1-0.

Во 22. минута по асистенција од Тејлор зголеми на 2-0, а пред крајот на првиот дел самиот Тејлор погоди за убедлива предност од 3-0.

По осум минути игра во второто полувреме Меси асистираше до Тејлор кој го запиша својот втор гол за конечни 4-0. 

Меси и Тејлор имаа ист учинок на овој меч, по два гола и асистенција.

Во самиот финиш Атланта имаше шанса да постигне почесен гол, но Алмада не реализираше пенал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ