сабота, 27 јули 2024
Премиерлига

Ново разочарување за „ѓаволите“, Нотингем Форест по 29 години го победи Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед никако да одигра добро во серија, избраниците на Ерик тен Хаг вечерва разочараа против Нотингем Форест и загубија со 2-1.

Објавено на

часот

Сподели

„Ѓаволите“ во вторникот направија голем камб-бек против Астон Вила, губеа со 0-2 на полувремето а на крајот славеа со 3-2. Но пет дена подоцна, Манчестер јунајтед им приреди ново разочарување на своите фанови и загуби на гостувањето кај Нотингем Форест.

Домаќините поведоа со голот на Домингез во 64. минута, а Рашфорд изедначи на 1-1 во 78. минута.

Сепак, Гибс Вајт прекрасно пласираше од врвот на шеснаесетникот за 2-1 во 82. минута и големо славје.

За Нотингем Форест ова беше прва победа над Манчестер јунајтед по 29 години, последен пат го совладаа во 1994.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ