петок, 26 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Новите пратеници ги подигнуваат уверенијата за потврдените мандати

Државната изборна комисија (ДИК) денеска ги доделува Уверенијата за пратеници за потврдените пратенички мандати.

Објавено на

часот

Сподели

Од Државната изборна комисија (ДИК) чекаат да пристигне овластениот претставник од уште една коалиција, а за една ДИК сѐ уште нема потврда дали и кога ќе дојде нејзиниот овластен претставник да ги земе уверенијата за потврдените пратенички мандати.

По земањето на уверенијата овластените претставници на коалициите и партиите изразија благодарност до граѓаните на Македонија, за поддршката што им ја дале како и за покажената зрелост и посочија дека функцијата пратеник е голема одговорност.

Државната изборна комисија (ДИК) на 18 мај ги соопшти освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав по изборите одржани на 8 мај годинава. Како што информираше претседателот на ДИК, Александар Даштевски, за изборните единици 5 и 6 каде на одредени избирачки места ќе треба да се прегласува, резултатите се добиени со симулација и посебна техника врз основа на Донтов модел и со нив се опфатени пратениците кои влегуваат во Собранието. По прегласувањето, ДИК со посебен заклучок ќе ги објави дополнителниот број освоени мандати.

Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска гласаат болни и изнемоштени лица, како и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места.

Прегласување ќе се спроведе на избирачките места 2101 во Желино,1194 во Крушево, 1202 исто така во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 во Долнени, 1470/1 исто така во Долнени, како и во 1844 во Струга.

Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4521 гласач. Во избирачкото место 2101 во Желино право на глас имаат 993 гласачи, во избирачкото место 1194 во Крушево право на глас имаат 470 избирачи, во 1202 исто така во Крушево 298, во 1272 во Охрид 712, во Долнени во избирачкото место 1470 – 659, додека во 1470/1 – 634 и во избирачкото место 1844 во Струга 755 избирачи.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ