петок, 25 октомври 2024

Новите антикризни мерки и законот за нефер практики ќе бидат објавени идната недела

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска соопшти дека новиот пакет антикризни мерки може да се очекува кон средината или кон крајот на идната недела кога се очекува Влдата да го изгла и предложениот закон за нефер трговски практики, а потоа истиот да биде доставен до Собранието.

Објавено на

часот

Сподели

„Пакетот антикризни мерки вчера беше споделен од Министерството за финансии со Кабинетот на премиерот, со нас и со другите институции вклучени во неговото креирање. Најверојатно мерките ќе бидат објавени и ќе почнат со реализација кон средината или кон крајот на наредна недела“, истакна министерот Бектеши, одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Скопската пиварница. 

Претходно, премиерот Димитар Ковачевски кој беше заедно со Бектеши во посета на фабриката, потсети дека Владата одлучи да ја прошири листата на производи со „гарантирана цена“, како и оваа мерка да важи до крајот на годината, а не до 30 ноември како што првично беше најавено. 

Од 20 септември годинава, со одлука на Владата, почна да важи мерката за „гарантирана цена“ на вкупно 24 категории прехранбени производи. Цените на производите, согласно одлуката, треба да се најмалку 10 отсто пониски од цените регистрирани на 1 август. Листата на производи со „гарантирана цена“ од 27 септември се прошири и со пијалаците: безалкохолните, газираната и негазираната вода, како и пивото. 

Предложениот закон за нефер трговски практики се очекува идната недела да биде усвоен од Владата, а потоа и да биде доставен до Собранието, информираше Бектеши. 

Како што рече тој денеска, веќе се пристигнати сите забелешки и коментари од засегнатите страни, производителите, дистрибутерите и ланците супермаркети кои во координација со премиерот и со претставници од надлежните институции ќе бидат разгледани, за да се вградат во драфт верзијата на законот.

„Неделава ќе имаме координација со премиерот за коментарите кои ги добивме од засегнатите страни. Ќе ги разгледаме со различни институции за да ги вклопиме во финалниот драфт на законот. Ќе одржиме и последен состанок со Стопанската комора за да видиме кои ќе бидат прифатливи и можно да се вградат. Очекуваме во почетокот на наредната недела предложениот закон да се усвои на Влада и да се прати до Собранието. Се работи за решение кое дологорочно ќе влије позитивно врз намалување на цените, но воедно ќе биде и недискриминаторно во трговијата, посебно за земјоделските и прехранебните производи“, истакна Бектеши.

Со законот се опфатени и се регулираат 26 нефер трговски практики. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ