понеделник, 20 мај 2024

Новиот супер-талент на Барса доби милионска плата и откупна клаузула од огромни 500 милиони

Барселона попладнево соопшто дека талентираниот Пау Кубарси ставил потпис на нова соработка до 2027 година, дефанзивецот сега е заштитен со клаузула од фантастични 500 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

17 годишниот Пау Кубарси до пред неколку месеци беше прилично анонимен за најголемиот дел од јаноста, но знаеше како да ја искористи укажаната шанса од Чави и се наметна во дефанзивата на Барселона.

За кратко време на сите им стана јасно дека „каталонците“ имаат нов супер-талент, па Жоан Лапорта и неговите соработници порзаа да го заштитат.

Попладнево пристигна информација дека Пау Кубарси ставил потпис на нова соработка до 2027 година (максимален договор за фудбалер под 18 години) и добил откупна клаузула од 500 милиони евра.

Дефанзивецот ќе добие и значително покачување на платата, од сегашните 50.000-80.000 евра по сезона, во 2024/25 ќе заработува околу 4 милиони евра бруто, а платата ќе бележи пораст секоја година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ