„Престанете да се грижите за претседателството на Трамп. Знам дека тој целосно разбира и се сложува со мене дека оваа војна во Украина не се однесува само на Украина, туку и на сегашната и идната безбедност на САД“, кажа Руте.
Тој по состанокот со британскиот премиер Кир Стармер кажа дека е „апсолутно уверен“ дека САД ќе останат посветени на иднината на европскиот континент.
Во случај на победа на Трамп на претседателските избори на 5 ноември некои од европските сојузници во НАТО стравуваат дека САД ќе бидат помалку посветени на безбедноста на Европа и ќе престанат воено да ја поддржуваат Украина.
Поранешниот премиер на Холандија Марк Руте, кој на 1 октомври застана на челото на НАТО, веднаш ги отфрли стравувањата од можна изборна победа на Трамп и тогаш кажа: „Не сум загрижен, добро ги познавам двата кандидати и работев со Трамп четири години“.
На американските избори противкандидатка на Трамп е потпретседателката на САД Камала Харис, од сега владејачката Демократска партија.