сабота, 27 јули 2024

Министерот Тошковски на грчката амбасадорка ѝ предложил мерки за пасошите (ВИДЕО)

Новиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој вчера стапи на функцијата, денеска остварил средба со амбасдорката на Грција, Софија Филипиду, на која ѝ предложил мерки поврзани со пасошите со новото уставно име на Македонија. Тошковски го посети и пунктот Пролет каде со часови се чека за да се аплицира за нови лични документи и од посетата беше направен видео запис.

Објавено на

часот

Сподели

Во кусото соопштение на МВР за средбата, не е наведено за какви мерки тој разговарал со амбасадорката. Во соопштението е наведено:

„На средбата беа потврдени заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, особено во областа на безбедноста и полициската соработка.

Министерот Тошковски го презентираше наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање“.

Инаку, министерот Тошковски објави видео на својот фејбук-профил од посетата на пунктот за издавање на лични документи во полициската станица Пролет и на граѓаните им се извини „за хаосот“, а „во името на Република Македонија“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ