Во кусото соопштение на МВР за средбата, не е наведено за какви мерки тој разговарал со амбасадорката. Во соопштението е наведено:
„На средбата беа потврдени заложбите за унапредување на меѓусебната соработка, особено во областа на безбедноста и полициската соработка.
Министерот Тошковски го презентираше наследениот проблем со недостатокот на обрасци за патни исправи и предложи мерки за негово решавање“.
Инаку, министерот Тошковски објави видео на својот фејбук-профил од посетата на пунктот за издавање на лични документи во полициската станица Пролет и на граѓаните им се извини „за хаосот“, а „во името на Република Македонија“.