недела, 6 октомври 2024

Новиот Манчестер јунајтед ќе има холандски шмек, пристигнуваат Ван Нистелрој, Зиркзе и Де Лихт

„Ѓаволите“ работат напорно на тимот за новата сезона, новиот Манчестер јунајтед ќе има холандски шмек и се очекува пристигнување на Руд ван Нистелрој, Џошуа Зиркзе и Матајс де Лихт.

Објавено на

часот

Сподели

Во финишот на минатата сезона, имаше многу гласини дека Манчестер јунајтед ќе му врачи отказ на тренерот Ерик тен Хаг, но на крајот стратегот доби доверба да го води клубот и во сезоната 2024/25.

И се чини дека во иднина холандското влијание ќе биде поголемо на Олд Трафорд.

Легендарниот Руд ван Нистелрој ќе стане дел од стучниот штаб на Ерик тен Хаг, веќе е договорена двегодишна соработка, и поранешниот напаѓач уште оваа недела ќе почне со работа.

Манчестер јунајтед исто така ја информираше Болоња дека ќе ја активира откупната клаузула на Џошуа Зиркзе вредна 40 милиони евра, и на Милан ќе му го украде перспективниот голгетер.

Исто така се верува дека во завршна фаза се преговорите за трансфер на Матајс де Лихт од Баеарн Минхен, дефанзивецот сака само преселба на Олд Трафорд и подготвен е да прифати помала плата за да го облече дресот на „ѓаволите“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ