четврток, 13 март 2025

Новиот канадски премиер ќе го преполови бројот на министри

Марк Карни утре ќе положи заклетва како следен премиер на Канада, обележувајќи го последниот ден на Џастин Трудо на функцијата, по повеќе од девет години.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Генералната гувернерка Мери Сајмон ќе претседава со положувањето на заклетва на Карни и неговите министри во петок во 11 часот, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет. Карни, поранешен банкар кој ја водеше централната банка на Канада и Обединетото Кралство, во неделата беше избран за лидер на Либералната партија на Канада. Тој ќе стане 24 премиер на Канада.

Тој ќе ја преземе функцијата во бурно време во Канада, која е среде трговска војна со долгогодишниот сојузник САД под претседателот Доналд Трамп и наскоро мора да одржи општи избори.

Новиот кабинет на Карни би можел да биде околу половина помал од извршната власт на Трудо, објави Блумберг. Се очекува кабинетот да има меѓу 15 и 20 министри, што е пад во однос на сегашните 37 колку што моментално ги има кабинетот вклучувајќи го и премиерот, наведе Ројтерс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ