Случајот бил пријавен на телефонскиот број 112 во ЦУК.
„Медицинската екипа стигна многу брзо до местото, според податоците за 20-тина минути. Заради непристапен терен дежурните од 112 во ЦУК, побараа хеликоптер на што од МВР веднаш е одговорено. Сите координирано ги извршиле постапките за што побрзо, а за оптимално спасување и транспортирање на повредениот до болница за натамошна постапка. Оваа опрема им овозможува на храбрите припадници на хеликоптерската единица во МВР да бидат уште подобри при вакви специфични спасителни акции на повредени од непристапни терени“, информираа од ЦУК.
Оттаму апелираат до граѓаните во случај на несреќа веднаш да заѕвонат на 112 во ЦУК.
Фото: Борјан Михајловски