Овој викенд љубителите на Формула 1 требаше да го видат новиот формат на квалификации, односно возачите ќе немаа слободен избор на гуми (во случај да се работи за сува сесија) и ќе мораа да возат со тврда компонента во првиот дел, средна компонента во вториот и мека компонента во третиот дел.
Сепак, новата замисла за повозбудливи квалификации ќе почека, трката во Имола е откажана по природната катастрофа која го зафати регионот на Емилија Ромања, поројните дождови придонесоа за големите поплави.
Откако со денови се шпекулираше дека тешко ќе има трка, Формула 1 попладнево соопшто дека нема услови за безбедно да се организира гран при викенд во Имола.
Imola, autodromo Enzo e Dino Ferrari di Imola allagato, Gran Premio Formula 1 annullato #imola #formula1 #granpremio #emiliaromagna #localteam pic.twitter.com/PqOoXmfBnO
— Local Team (@localteamtv) May 17, 2023