среда, 2 октомври 2024

Новиот директор на ПИОМ ветува навремена исплата на пензиите

Директорот на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување (ПИОМ), Никола Мемов денеска имал средба со мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во земјава, предводена од шефот на мисијата Анет Кјобе, на која, како што информираат од Фондот, било разговарано за системот за пензиско осигурување, плановите за наредниот период и решенијата за подобро функционирање на истиот.

Објавено на

часот

Сподели

Според Шефот на мисијата на ММФ Кјобе, во фокусот на нивното интересирање биле плановите за наредната 2025 година, буџетот, среднорочната стратегија, како и интервенциите во пензискиот систем.

Кјобе, исто така, посочил дека тие во извештајот што ќе го подготват во февруари следната година ќе ги дадат своите препораки и сугестии, меѓу кои и оние за пензискиот систем.

Мемов, се вели во соопштението на ПИОМ, ги запознал членовите на мисијата како функционира пензискиот систем и начинот на кој се врши усогласувањето на пензиите, а се задржал и на последната мерка на владата за зголемување на пензиите од 2.500 денари сега и следната година кога ќе се исплати мартовската пензија. Тој, исто така, нагласил дека во тек се повеќе активности за подобрување на функционалноста на Фондот, за што се работи и на проект со Светска банка.

Како што информираат од ПИОМ, Мемов потенцирал дека во наредниот период ќе биде изготвена анализа за причините за дефицитот во буџетот на Фондот за исплата на пензиите, а до владата ќе бидат доставени краткорочни и среднорочни стратешки мерки за зголемување на  приходите. Тој, меѓу другото, посочил дека тоа е во функција на обезбедување на социјалната сигурност на корисниците на пензии, но и на сите осигуреници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ