сабота, 27 јули 2024

Новиот бугарски парламент не успеа да избере претседател

Објавено на

часот

Сподели

Парламентот не може да почне со работа без избран претседател и клубови на пратеници, а ни претседателот Румен Радев не може да ѝ даде на ниту една партија мандат за обид за формирање нова влада. Во парламентот се застапени шест спротивставени политички фракции.

Политичкиот застој во Бугарија оневозможува стабилна влада или трајна коалиција во парламентот. На почетокот на април беа одржани петти парламентарни избори во последните две години. На последните избори сојузот на десниот центар, Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на поранешниот премиер Бојко Борисов и Унијата на демократски сили (СДС), доби 26 отсто поддршка.

Либерално-конзервативниот сојуз на партиите Ги продолжуваме промени (ПП) и Демократска Бугарија (ДБ) на чело со поранешниот премиер Кирил Петков беше втор на изборите со 24 отсто поддршка од гласачите. Но Петков веќе ја отфрли можноста двата сојузи да формираат коалициска влада и кажа дека блокот на десниот центар има поинакви вредности.

Поддржувачите на сојузот ги сметаат Борисов и неговата партија ГЕРБ за корумпирани. Гласањето претседател на парламентот е одложено. Партиите не се сложија ни околу изненадувачкиот предлог на второпласираниот блок ПП-ДБ за ротација на претседателската функција меѓу двата водечки табори секои два месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ