сабота, 19 октомври 2024

Новинарките Симоновска и Мулачка добија прва награда од ЗНМ за сториите за Онкологија

Новинарските стории за скандалот со клиниката за онкологија за злоупотреби на терапија ја освоија првата награда за најдобра истражувачка сторија „ Јашар Еребала“ од Здружението на новинари ( ЗНМ). Добитници на првата награда се новинарките Ирена Мулачка од неделникот Фокус и Мирослава Симоновска од весникот „Слободен печат“.

Објавено на

часот

Сподели

Наградата за најдобро новинарско известување за теми од локално и регионално значење ја доби новинарката Анета Блажевска од независен, додека пак наградата за животно дело „Крсте Петков Мисирков“ ја доби Соња Николовска од Телма.

Посебни признанија за истражувачко новинарство им беа доделени на Истражувачка репортерска лабораторија (ИРЛ), како и на новинарите Петар Клинчарски, Фисник Џелили и Горан Антевски.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски во своето обраќање кажа дека го радува тоа што се повеќе се става акцент на истражувачките стории, бидејќи на тој начин вистината излегува на површина.

Претседателка на Комисијата за доделување на наградата за најдобра истражувачка сторија беше Жана Божиновска, а членови беа и Ристо Тасев и Ведат Мемедалија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ