сабота, 27 јули 2024

Новинарка на МИА нападната со пцости и одвратена да добие изјава

Генералниот колегиум на Медиумската информативна агенција (МИА) реагира на денешниот вербален напад на новинарката од МИА Ангела Рајчевска. Реакција упати и Синдикатот на медиумските информативни агенции.

Објавено на

часот

Сподели

„При вршење на својата професија колешката беше вербално нападната од страна на обвинетиот Горан Дуковски во случајот Ласкарци, кој при обид таа да побара изјава од неговиот адвокат, обвинетиот ѝ упати погрдни зборови и пцовки со кои ја одврати од обидот.

Сметаме дека ваквото однесување е недозволиво и за осуда и бараме јавно извинување, а надлежните институции да преземат дејствија со кои во иднина ќе се спречат ваквите случувања кои влијаат деградирачки врз новинарската професија“, се вели во реакција на МИА.

Синдикатот на Медиумските информативни агенции (СМИА) остро ја осуди вербалната навреда кон новинарката на МИА која денеска ѝ била упатена по објавата на пресудата за предметот Ласкарци.

„Нападите и заканите кон новинарите претставуваат директен напад врз демократијата и слободата на говорот во едно општество. Денеска токму во куќата на правораздавањето вербално беше нападната нашата новинарка која ја остваруваше нејзината професионална должност, а тоа е информирање на јавноста.

СМИА апелира и бара од институциите да се санкционираат напаѓачите содветно законот за медиуми каде нападите врз новинарите се напад врз службено лице“, се вели во соопштението на синдикатот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ