За најургентно го сметаат нивното барање за зголемување на платите за 30 отсто.
„Тоа е 2,5 пати помалку од 78-те проценти колку што изнесуваше последното зголемување на платата на функционерите. Додека за другите барања се потребни системски решенија, барањето за зголемување на платите е најлесно за решавање и треба само да се стави на дневен ред на седница на Владата“, велат вработените од МИА.
Од ССНМ истакнуваат дека слободата на медиумите и слободата на говорот, па дури и борбата против дезинформации се невозможни ако новинарите и медиумските работници имаат потпросечни плати, а според официјални податоци просечната нето-плата во мај 2023 година изнесуваше 36.465 денари додека платите на новинарите и медиумските работници во МИА се за повеќе од 6.000 денари помали од просекот.
Протестот на вработените во Медиумската информативна агенција ќе продолжи и во следните денови, се до исполнување на барањата.
„Доколку не ни се исполнат барањата, постои можност и за радикализација на изразување на револтот“, велат од агенцијата.