сабота, 27 јули 2024

Новинар на Ројтерс загина на границата на Израел и Либан

Новинар на Ројтерс загина, а уште шест други новинари се повредени денес на југот на Либан додека снимале престрелка на израелско-либанската граница.

Објавено на

часот

Сподели

„Длабоко сме потресени откако дознавме дека загинал нашиот снимател Исам Абдала“, кажа портпаролот на Ројтерс. Британската агенција додаде дека двајца новинари на Ројтерс, Таер ал Судани и Махер Назех, се повредени.

Ал џезира потврди дека меѓу повредените се известувачка и нејзин снимател. Во гранатирањето се повредени и двајца новинари на француската новинска агенција Франс прес, кажа извор од агенцијата.

Инцидентот се случил на југот на Либан во близина на границата со Израел. Набрзо по гранатирањето, Хезболах соопшти дека возвратил на израелските напади со директно и соодветно оружје погодувајќи ги целите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ