сабота, 27 јули 2024

Новинар на Би-би-си: Ова беше најтешката ноќ во 20 години известување од Газа

Дописникот на Би-би-си од Газа Ружди Абу Алуф кажа дека оваа ноќ била најтешката во неговите 20 години известување од крајбрежниот појас кој граничи со Израел.

Објавено на

часот

Сподели

Израелската војска соопшти дека во текот на ноќта биле извршени над 200 воздушни напади.

„Бев во подрачјето Газа каде повеќето згради се уништени. Се слушаа застрашувачки звуци на експлозии, експлозии на небото, а имаше и чад и оган во текот на ноќта“, вели Абу Алуф.

„Живеам во станбена зграда со околу 20 семејства. Децата врескаа цела ноќ и никој не можеше да заспие. Во 20 години известување од ова подрачје, синоќа беше најтешката на која сум сведочел“, кажа тој.

Кога се разденило, успеал да излезе од зградата.

„Утринава успеав да излезам. Возев насекаде низ урнатини. Зградите се уриваат и цели квартови се срамнети со земја. Уништени се владини и универзитетски згради, инфраструктура, џамии и полициски станици“, вели Абу Алуф.

„Некои од зградите ги препознав. Но некои се непрепознатливи поради размерот на уништување во овој дел од Газа“, вели дописникот на Би-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ