За разлика од планираниот атентат во Бања Лука, новиот атентат нема да биде толку спектакуларен, пишувало во порака што ја добил вработен во српското МВР.
Извор на весникот „Блиц“ посочил дека пораката има повеќе предупредувачки отколку заканувачки карактер, и дека била добиена од локален оператор.
„Пораката е испратена од некој што ги познава состојбите во подземјето и до кого се стигнати податоци за подготовка на атентатот, посочил изворот, дополнувајќи дека информацијата е примена многу сериозно и полицијата веќе ги презела неопходните мерки“, пишува весникот.