сабота, 27 јули 2024

Нови велосипедски патеки за поврзување на Автокоманда со Аеродром и Центар

Се асфалтира нова велосипедска патека, која ги поврзува Гази Баба со Центар и Аеродром, соопштија од Град Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Новите вело патеки се простираат на должина од два километри, односно по еден километар во двата правци на улицата 808 во населбата Автокоманда. На истиот потег се работи на целосно нов зелен појас, како и на нова пешачка патека, со што се овозможува поголема безбедност и сигурност за сите учесници во сообрaќајот.

Со активностите на терен се реализира проектот ‘Скопје-град на велосипеди’ кој е еден од стратешките проекти од програмата ‘За модерно Скопје’. Во изминатите две години, градот Скопје инвестира во повеќе од 30 километри нови велосипедски патеки во сите скопски општини, а проектот го изведува јавното претпријатие Улици и патишта“, велат од Град Скопје.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ