петок, 26 јули 2024

Нови успеси на учениците на „Јахја Кемал“ на меѓународен натпревар во Букурешт

Учениците од приватното основно и средно училиште „Јахја Кемал” повторно се вратија со награди од меѓународниот натпревар InfoMatrix 2024 во Букурешт, Романија, каде се одржа финалниот натпревар на кој учествуваа 300 учесници со 160 проекти од 15 земји.

Објавено на

часот

Сподели

Од овој натпревар учениците на „Јахја Кемал“ се вратија со еден златен медал, шест сребрени, шест бронзени медали и четири пофалници во седум категории (програмирање, хакатон, хардверска контрола, лего сумо, мини сумо, лего следење на линија и робот што следи линија).

Златен медал доби Енес Аго, сребрени медали добија Никола Пејков, Салим Екрем, Јована Димитрова, Тахир Каја, Доријан Бесими и Алинд Тефик, бронзени медали добија Павел Тасев, Калин Печек, Калина Милисова, Јана Дамчевска, Мурат Несими и Лис Демири.

Пофалници добија Али Керем Шахин, Наим Ердил, Ајан Хавзију и Адис Ајрули.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ