петок, 18 октомври 2024

Нови рекордни температури – Пелопонез се „топи“ на 46,4 Целзиусови степени

Објавено на

часот

Сподели

Градот Гитио во областа Лаконија на Пелопонез имаше апсолутна максимална температура од 46,4 Целзиусови степени, пренесува порталот Грикрепортер.

Тоа е нов рекорд за највисока температура досега забележана во Грција од почетокот на (модерните) мерења во 2006 година.

Во крајбрежниот град Краниди на Пелопонез е забележана втората највисока температура од 45,9 Целзиусови степени.

Костас Лагувардос, директор на истражувања на Националниот метеоролошки институт, рече дека топлотниот бран што ја погоди Грција веројатно ќе биде најдолгиот забележан во историјата на земјата.

„Според резултатите од мерењето, веројатно ќе поминеме 16-17 дена низ топлотен бран, каков што досега не се случил во нашата земја“, изјави Лагувардос за телевизијата ЕРТ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ