Се работи за Redmi Buds 6, Redmi Buds 6 Pro, Redmi Watch 5, како и Xiaomi 33W Power Bank 10000 и Xiaomi 165W Power Bank 10000. Дизајнирани да го подобрат секојдневниот живот, работата и забавата, овие производи комбинираат врвно аудио искуство со напредни режими за следење на здравствените параметри.Најновите Redmi Buds 6 и Redmi Buds 6 Pro обезбедуваат врвен звук со напредни функции, како што се оптимизирано поништување на шумот и мулти-димензионален звук. Дополнително, тие лесно се поврзуваат со новиот Redmi Watch 5, модерен паметен часовник со ултра тенок екран, долготрајна батерија и напредно следење на отчукувањата на срцето и спиење што совршено се вклопува во вашиот животен стил.
Новиот Xiaomi Power Bank 10000 е совршен придружник за долги патувања и тренинзи. Со голем капацитет на батеријата и брзо полнење, овозможува едноставно користење и обезбедува Вашите уреди секогаш да бидат подготвени за работа.
Redmi Buds 6: Совршен спој на избалансиран звук, стил и софистицираност
Redmi Buds 6 обезбедува врвен звук и персонализирано аудио искуство. Опремени со напредно активно поништување на бучавата (ANC) што го намалува шумот до 49dB¹, тие ефикасно ги блокираат надворешните звуци како дожд, ветер и бучава. Двојните драјвери обезбедуваат богат и динамичен звук, а различните режими на ANC и приспособливите поставки автоматски се прилагодуваат на околината. За јасна комуникација, двојниот микрофон со AI намалување на шумот го намалува позадинскиот шум, дури и при ветрови до 9 m/s. Вградениот аудио ефект од 360° обезбедува извонредно звучно искуство, ставајќи го корисникот во центарот на сè што слуша.
Достапни се во боите Cloud White, Night Black и Coral Green, Redmi Buds 6 нудат видливи нивоа на батерија во реално време, како и до 10 часа репродукција со едно полнење или дo 42 часa со куќиште. Паметните опции на поврзување овозможуваат беспрекорно споделување звук или користење слушалки за hands-free фотографирање преку едноставни движења.
Redmi Buds 6 Pro: Запознајте ја аудио технологијата што поставува нови стандарди во индустријата
Redmi Buds 6 Pro обезбедуваат исклучително аудио искуство. Опремени со тројни драјвери, кои имаат Hi-Res Audio Wireless сертификат, овие слушалки, кои имаат дуални високотонци PZT во комбинација со звучник од 11 mm со титаниумска дијафрагма, обезбедуваат богати басови и кристално чисти високи тонови. Покрај тоа, просторниот звук со приспособливи режими обезбедува единствено аудио искуство – без разлика дали слушате музика, гледате видеа, играте игри или уживате во аудио книги. Напредната технологија за активно поништување на шум (ANC) го намалува шумот до 55 dB и опфаќа ултра широк опсег на фреквенции до 4 kHz, што е идеално за елиминирање на звуците што го одвлекуваат вниманието со средна и висока фреквенција. Со подобрени перформанси ANC од 14,16% во однос на претходната генерација, мулти-нивото на ANC овозможува кристално чист звук дури и во бучни средини.
Redmi Buds 6 Pro доаѓаат во три атрактивни бои — Glacier White, Space Black и Lavender Purple. Oвие слушалки овозможуваат дo 9,5 часа репродукција со едно полнење, а со куќиштето до 36 часа. Со едноставни контроли на допир, можете лесно да управувате со повиците, музиката, јачината на звукот и режимите ANC. За уште подобро искуство, адаптивниот еквилајзер (EQ) нуди четири претходно поставени режими и еден приспособлив, овозможувајќи Ви да го прилагодите звукот според своите желби и потреби.
Redmi Watch 5: Уживајте во паметниот часовник со flagship карактеристики
Со најголемиот и најсветлиот екран досега на Redmi паметниот часовник, Redmi Watch 5 им нуди на корисниците неверојатен AMOLED екран од 2,07 инчи, кој обезбедува одлична видливост дури и при најсилно сонце. Со осветленост од 1500 nit, фреквенција на освежување од 60 Hz и јасен приказ од 324 ppi, овој екран нуди искуство на ниво на водечките уреди. Импресивниот дизајн е дополнително нагласен со ултра тенките рамки со димензии од само 2 mm и неверојатниот сооднос на екранот и телото од 82%. Батеријата трае до 24 дена, што овозможува сигурно следење на здравјето. Часовникот доаѓа со опции за прилагодливи ремени, премиум алуминиумска рамка и надградена круница, која комбинира удобност и стил.
Вградениот линеарен мотор обезбедува тивки и прецизни хаптички повратни информации, додека поддршката за Bluetooth®телефонски повици и двојното намалување на шумот овозможуваат јасни разговори дури и во бучни или ветровити надворешни услови. Redmi Watch 5 содржи нова алгоритамска технологија за следење на отчукувањата на срцето, развиена во компанијата, која ја подобрува точноста на следењето и им овозможува на корисниците да ги следат отчукувањата на срцето, нивото на кислород во крвта и квалитетот на спиењето во текот на целиот ден. Со повеќе од 150 спортски режими, Redmi Watch 5 е совршен партнер за тренинзи, со вградениот GNSS систем со 5 компоненти за прецизно следење на активностите на отворено, додека водоотпорноста од 5ATM овој часовник го прави идеален за љубителите на водените спортови.
Xiaomi 33W Power Bank 10000: Компактно и сестрано полнење во движење
Совршен придружник за оние кои се во движење, Xiaomi 33W Power Bank 10000 обезбедува брзо и практично полнење во компактна форма што лесно се вклопува во торба или џеб. Вградениот USB-C кабел овозможува едноставно користење на батеријата од 10.000 mAh, која може да наполни компатибилен телефон Xiaomi до 45% за само 30 минути.
Со совршениот баланс на големината и моќноста, Xiaomi 33W Power Bank 10000 тежи само 210 грама, што го прави лесно пренослив и едноставен за користење. Дополнителниот USB-C приклучок овозможува полнење од 33W, додека дополнителниот USB-A порт поддржува динамична дистрибуција на силата до 22,5W по уред, со поддршка за полнење на три уреди истовремено, со можност за самостојно полнење од 30W.
Xiaomi 165W Power Bank 10000: Неверојатно брзо полнење со полн капацитет
За корисниците кои бараат брзо и практично полнење на преносни уреди, Xiaomi разви Xiaomi 165W Power Bank 10000. Oвоj Power Bank има два порта кои можат да испорачаат вкупна излезна сила до 165W. Погоден за полнење на паметни телефони, таблети, лаптоп компјутери, може да полни два уреди истовремено со брзина до 120W и 45W. Teхнички упатените корисници на Xiaomi уредите може да очекуваат дека со полнењето од 120W ќе постигнат целосно полнење само за 23 минути¹⁹.
Xiaomi 165W Power Bank 10000 доаѓа во елегантен дизајн и тежок е само 318 грамa, што го прави совршен за корисниците кои се во движење. Вградениот USB-C кабел го олеснува полнењето, додека паметниот екран со иконите во боја го прикажува нивото на батеријата во реално време. Флексибилниот и сестран, Xiaomi 165W Power Bank 10000 нуди два порта за полнење до 110W (65W + 45W), како и 90W самополнење, oвозможувајќи 75% полнење само за 15 минути и целосно полнење само за 35 минути.
За корпорацијата Xiaomi
Компанијата Xiaomi е основана во април 2010 година, а во главниот одбор на берзата во Хонг Конг е од 9 јули 2018 година. Xiaomi е компанија која произведува паметни телефони и уреди поврзани со IoT платформата.
Со визијата која гласи „Спријателете се со корисниците и бидете најдобра компанија во срцата на корисниците“, Xiaomi постојано се стреми кон иновации, висококвалитетно корисничко искуство и оперативна ефикасност. Компанијата неуморно гради фантастично портфолио на производи по пристапни цени, за секој во светот да може да ужива во подобар живот користејќи ја иновативната технологија.
Xiaomi е една од водечките светски компании за паметни телефони. Во септември 2024, MAU MIUI достигна приближно 685,8 милиони ширум светот. Компанијата, исто така, ја воспостави водечката потрошувачка светска платформа AIoT (AI+IoT), со 861,4 милиони поврзани паметни уреди до 30 септември 2024 година, без паметни телефони, таблети и лаптопи.
Во октомври 2023 година, Xiaomi ја унапреди својата корпоративна стратегија наречена „Human × Car × Home“, спојувајќи ги личните уреди, паметните домашни апарати и автомобилите. Xiaomi секогаш се фокусира на луѓето и е посветен на обезбедување сеопфатно, подобро поврзано искуство.
Производите на Xiaomi се присутни во повеќе од 100 земји и региони ширум светот. Во август 2024 година, Xiaomi шести пат едно по друго, беше вклучен во листата на Fortune Global 500.
Xiaomi е дел од индексот Hang Seng, индексот Hang Seng China Enterprises, индексот Hang Seng TECH и индексот Hang Seng China 50.