сабота, 25 мај 2024

Нови податоци на ДИК, двојна е предноста на Сиљановска Давкова пред Пендаровски

Државната изборна комисија веќе обработи 77,74 отсто од избирачките места. Овие податоци покажуваат дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојна предност според бројот на освоени гласови пред кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски.

Објавено на

часот

Сподели

Гордана Сиљановска Давкова досега освоила 272.729 гласови или 39,58 отсто. За Стево Пендаровски гласале 133.184 гласачи или 19,30%, за Бујар Османи 99.210 или 14,40%, за Арбен Таравари 70.511 или 10,23%.

Кандидатот на ЗНАМ Максим Димитриевски освои 58.189 гласови или 8,44%, за Билјана Ванковска гласале 30.360 гласачи или 4,41%, а за Стевчо Јакимовски биле 5.503 гласачи или 0,80%.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ