петок, 26 јули 2024

Нови напади во Црвеното Море. САД соборија два проектила од Јемен

Соединетите Американски Држави вчера објавија дека собориле два проектила насочени кон танкер во јужниот дел на Црвеното Море, лансирани од делови на Јемен под контрола на Хутите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Брод кој плови под знамето на Сингапур, во данска сопственост, пријавил дека бил погоден од проектил, па американските воени бродови УСС Грејвли и УСС Лабун одговориле на неговите повици за помош, соопшти американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) на платформата Икс.

Притоа биле соборени две ракети лансирани од Јемен. Погодениот брод сѐ уште е безбеден за пловидба и на него нема повредени.

Јеменските Хути поврзани со Иран го контролираат поголемиот дел од Јемен и со недели ја попречуваат светската трговија со напаѓање бродови кои поминуваат низ Црвеното Море. Хутите бараат прекин на војната на Израел во Газа. Ова е нивни 23-ти напад врз меѓународен брод од 19 ноември, соопшти ЦЕНТКОМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ