вторник, 22 октомври 2024

Нови кадровски решенија, Рамадани нов ревизор за ИПА фондовите

Владата денеска ја разреши Афрона Верзиволи од должноста вршител на должноста главен резизор на Ревизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Aрбен Рамадани се именува за в.д. главен ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Тој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. Непосредно учествува во изработка на стратешки документи, краткорочни и долгорочни стратешки планови во однос на развој на Ревизорско тело и ревизијата и ја следи примената и врши следење на нивното спроведување. Работел и како виш ревизор во секторот за ревизија на ИПА областа.

Објавено на

часот

Сподели

Иван Игњатов се именува за в.д. заменик на главниот ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Тој е фоктор на економски науки на тема „Развој на систем за ревизија и контрола за ефикасно користење на фондовите на ЕУ“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ