сабота, 27 јули 2024

Нови избори во Белград на 2 јуни, опозицијата бара да учествува во контролата

Прозападната опозициска коалиција „Србија против насилството“ побара од српскиот парламент да формира посебна комисија за контрола на претстојните избори во Белград, и, покрај претставниците на власта, во неа да бидат вклучени претставници од таа коалиција и на цивилното општество.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека изборите за Белград ќе се одржат на 2 јуни и дека идната претседателка на парламентот Ана Брнабиќ ќе ги распише на 3 април.

Конститутивната седница на српскиот парламент беше прекината на 6 февруари, откако претходно формално беа потврдени мандатите на избраните пратеници. Вучиќ за претседателка на парламентот минатата недела ја предложи актуелната премиерка Ана Брнабиќ.

Белградските и локалните избори, според законот, ги распишува претседателот на српскиот парламент. На изборите во декември владејачката Српска напредна партија освои мнозинство, но не и доволно мандати за да формира власт, што не им успеа во три обиди.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ