сабота, 27 јули 2024

Нови инциденти во Нови Сад, Белград во петок ќе биде под опсада

Објавено на

часот

Сподели

Пред два дена, првите инциденти беа забележани во градот и околу салата „Спенс“, а одговорноста ја презема групата „Јужни Фронт“ на белградскиот клуб Партизан. И тогаш, а и сега, според српските медиуми низ Нови Сад „патролираат“ хулигански групи на Војводина, Ц. Звезда и Партизан, кои ловат хрватски навивачи.

Далеку пострашни биле синоќешните пресметки, затоа што неофицијално имало и еден избоден навивач, неколкумина повредени од камења, метални прачки, бејзбол палки. Во нападите се користеле и ланци, секири… Првиот напад бил кај Ветерник кога бил нападнат конвојот со хрватски навивачи. Полицијата објави дека уапсила девет хулигани, од кои шест од Белград.

Наводно, нападите над хрватските навивачи имале две причини. Првата дека меѓу бројната армија на „шаховничари“ имало припадници на загребските „бед Блу Бојс“, кои и биле нападнати пред два дена, а втората поради неколкуте скандирана како „Кој не скока, православец е“, „Вуковар, Вуковар“…

Тоа што најмногу загрижува е фактот што Хрватска синоќа и официјално е трет полуфиналист на ЕП, па по Вршац и Нови Сад, се сели во Балград на завршницата. Тоа значи дека и армијата навивачи треба да дојде во престолнината, прв пат по две децении и крвавиот распад на СФРЈ. Веќе е извесно дека Белгад в петок, кога се закажани полуфиналињата, ќе биде под опсада од полиција со цел да се избегнат црни сценарија и од судири со јадрата на двете најголеми групи во Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ