четврток, 20 јуни 2024

Нови имиња за изборите за лидер на СДСМ

Виктор Божиновски, Александар Бајдевски, Златко Ристовски… се новите имиња кои се споменуваат во јавноста како можни кандидати за претседател на СДСМ. Ристовски, активист на СДСМ од Битола, е првиот кандидат кој и официјално поднесе кандидатура за претседател на СДСМ во партискиот штаб.

 

Објавено на

часот

Сподели

Рокот за кандидирање завршува за два дена кога се очекува, по најавите по медиумите, кандидатура да поднесат и поранешните министри Славјанка Петровска и Венко Филипче и директорот на ТИРЗ во заминување Јован Деспотовски. А се очекува и одлуката на Стефан Богоев дали ќе се амбицира за првото место во СДСМ.

Кандидатура за нов лидер на социјалдемократите најави и адвокатотот од Куманово Виктор Божиновски. Александар Бајдевски е актуелен заменик министер за администрација.

По завршување на рокот за пријавување, партиска комисија ќе ги утврди кандидатите.

Изборите за нов претседател на СДСМ ќе бидат на 30 јуни.

Пред тоа, в недела ќе се одржи и отчетниот Конгрес на СДСМ на кој Димитар Ковачевски ќе треба да даде отчет за историски најголемиот пораз на СДСМ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ