среда, 23 октомври 2024

Нови цени за бензините

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на одлуката од 15 февруари.

Објавено на

часот

Сподели

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,406%, кај дизелот за 3,411%, кај екстра лесното масло за 2,757%  и кај мазутот зголемувањето е за 2,692%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,118%

Од 17 февруари на полноќ максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат: еуросупер БС  95 –  83 (денари/литар), еуросупер БС 98 – 85,50 (денари/литар), еуродизел 79,50 (денари/литар), екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 76,50 (денари/литар), мазут М-1 НС 40,732 (денари/килограм).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ