сабота, 27 јули 2024
Извештај на Институт за јавно здравје

Нови 15 разболени од магарешка кашлица, најмногу има дечиња до 4 години

Нови 15 случаи на пертусис односно голема кашлица, се пријавени во периодот од 3 до 9 мај, од кои шест лица се хоспитализирани. Во однос на географската дистрибуција, најголем дел од случаите се пријавени во рамките на епидемијата во Скопје – 14, а пријавен е и еден случај од Крива Паланка. Возраста на заболените се движи од еден месец до 62 години, а најголем број случаи се од возрасната група до четири години, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) во најновиот извештај, објавен денеска.

Објавено на

часот

Сподели

Заклучно со 9 мај, во државава се регистрирани вкупно 553 случаи на голема кашлица, со инциденца од 30,1/100.000 жители. Тоа претставува неколкукратно зголемување на бројот на заболени во однос на изминатиот петгодишен период, од 2019 до 2023 година, кога се регистрирани вкупно 10 случаи.

Од ИЈЗ потсетуваат дека во тек се две епидемии, пријавени во ниво на територија на Скопје и Куманово.

Од 18 јануари до 9 мај, дадени се вкупно 45.715 дози вакцина што содржи компонента против голема кашлица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ