сабота, 27 јули 2024
Разговори на премиерот со претседателката на СВ за Европа

Новата рамка со Светска банка ќе ја удвои поддршката, средба на Ковачевски со Басани

Рамката за соработка со Светска Банка е силна порака за Македонија до меѓународните партнери и инвеститори, било истакнато на средбата во Тирана на премиерот Димитар Ковачевски со претседателка на Светска банка за Европа и Централна Азија, Антонела Басани. Премиерот смета дека со изработката на новата рамка ќе се удови поддрката од Светска банка.

Објавено на

часот

Сподели

Според соопштението, на средбата се разговарало за тековните проекти во Македонија и планови на среден рок, за состојбите во регионот како и за предизвиците и влијанието врз глобалната економија од геополитичките случувања во Европа и светот.

„Партнерството со Светска банка и поддршката која ја добива Северна Македонија е од големо значање, Рамката за соработка е основа на граѓаните да им се овозможат подобри услови за живот, како и за инвестиции во подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, инвестиции во инфраструктурата, развој на човечкиот потенцијал и зајакнување на менаџирањето со јавните финансии“, се наведува во соопштението.
 
Со изработка на новата рамка за партнерство со Светска банка, како што посочуваат од Владата, значително ќе се зголеми финансиската поддршка за земјава и ќе биде речиси двојно повисока од досегашната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ