петок, 18 октомври 2024

Новата пливачка сензација се вика Леон Маршан, четири златни медали за пет дена

Леон Маршан е новата пливачка сензација, 22-годишниот Французин доминира на Олимписките игри во Париз, поради него четирипати ечеше француската химна.

Објавено на

часот

Сподели

Жетвата на златни медали ја почна со 400 метри мешано со 4:02.95 го освои својот прв олимписки медал.

На 31. јули следуваше победа на 200 метри пеперутка. Истиот ден победи и на 200 метри градно поставувајќи олимписки рекорд со време од 2:05.85.

Денеска го освои златото на 200 метри мешано и стана првиот французин кој освоил четири златни медали на едни Олимписки игри.

За него велат дека е новиот Мајкл Фелпс, а таков епитет доби и од самиот Фелпс.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ