петок, 18 октомври 2024

Новак Ѓоковиќ стигна до првото финале на Олимписки игри

Во вториот полуфинален натпревар, Новак Ѓоковиќ во два сета го совлада Лоренцо Мусети и за првпат ќе се бори за златен медал на Олимписки игри.

Објавено на

часот

Сподели

Првиот сет беше изедначен, двајцата тенисери играа на високо ниво, при 5-4 Новак Ѓоковиќ успеа да го земе сервисот на Мусети и да го добие сетот со 6-4.

Вториот сет почна со четири брејка, потоа Ѓоковиќ зема уште два сервиси на противникот, го доби сетот со 6-2 и дојде до големата победа.

Во финалето Ѓоковиќ ќе игра со Алкараз кој претходно убедливо го совлада Оже-Алијасим.

Српскиот тенисер има загарантирано сребро, но сигурно гори од желба да го освои златото на Олимписки игри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ