Претходно јавното претпријатие соопшти за воведени забрани за тешки товарни возила поради снег и на други патни правци – од 9:30 часот е воведена на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато, од 8:05 часот – на патниот правец Тетово – Попова Шапка, како и на патот Гостивар – Маврово – Дебар, Гостивар – Стража – Кичево, Пресека и Плетвар.
Исто така, од 7:25 часот е воведена забрана за сообраќај на камиони и на патниот правец Делчево – граничен премин Делчево, а забрана за сообраќај за тешки товарни возила над 7.5 тона е воведена и на ГП Делчево кон Бугарија.
Од Автомотосојузот на Македонија утрово информираа дека од превентивни причини збрана за сообраќај за тешки товарни возила се воведува и на планинскиот премин Пресека, а поради заледеност на коловозот на автопатот Пријателство кај село Миравци, тешките товарни возила од 8:50 часот се пренасочуваат преку стариот пат Удово – Демир Капија.