Тоа е шеста ерупција на полуостровот Рејкјанес од 2021 година.
На видеото се видливи фонтани од светло-портокалови стопени карпи, кои се исфрлаат од пукнатините на земјата.
„Предупредување: Вулканска ерупција започна северно од Силингарфел“, објави Метеоролошката канцеларија на својата веб-страница.
Последната ерупција започна на 14 јануари и траеше два дена, а лавата стигна до предградијата на рибарскиот град Гриндавик, чии речиси 4.000 жители мораа да бидат евакуирани.
BREAKING: Volcano eruption starts on Iceland’s Reykjanes Peninsula pic.twitter.com/uP1v1jCpaK
— Insider Paper (@TheInsiderPaper) February 8, 2024