На сликите, Џоли во насловната улога на филмот „Марија“ ги носи омилените модни парчиња на Калас – плетени џемпери, тркалезни, топчести мотиви и луксузна облека. А пак, обожавателите и следачите постојано коментираат дека оскаровката изгледа речиси „непрепознатливо“ во нејзината нова улога, пишува „Јаху“.
По освојувањето на посакуваната улога, Џоли изјави дека оваа улога ја сфаќа сериозно и одговорно, зашто се работи за животот и наследството на Калас.
„Ќе дадам сѐ од себе за да одговорам на предизвикот. Пабло Лараин е режисер на кого долго му се восхитувам. Можноста да раскажам повеќе од приказната за Марија, со него, и со сценариото на Стивен Најт, е сон за мене“, истакна Џоли.
Претстојниот филм, според првичните информации, се сосредоточува на турбулентниот живот на легендарната грчко-американска оперска дива во 1970-тите. Снимањето сѐ уште е во почетна фаза, а киноприкажувањата се закажани за 2024 година.