На околу 36 секунди пред крајот во клинч влегоа Амен Томпсон од Хјустон и Тајлер Хиро од Мајами, а играчот на гостинскиот тим заврши на паркетот откако беше буквално фрлен од противничкиот кошаркар.
Во тепачката се вклучија и други играчи, дојде до мешаница, но сето тоа траеше неколку секунди и без видливи последици кај некој од нив, а обезбедувањето ги раздели завојуваните страни. На крај се се заврши со шест исклучувања меѓу кои и тренерот на Хјустон, а Мајами славеше со 104-100.
Houston Rockets Amen Thompson and Miami Heat Tyler Herro fight pic.twitter.com/Qd1jCjxsVN
— ® (@kidravi) December 30, 2024