„Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека во моментот поради сообраќајна незгода во тунелот пред Катланово во прекин е сообраќајот на автопатот Велес-Скопје“, стои во известувањето од ЦУК.
Во тунелот кај Катланово во правец од Велес кон Скопје пред неколку дена се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички. На местото на несреќата почина мотоциклистот, а смрт беше констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здоби сопатничката Ц.Т.В.М.(68) од Унгарија.