Руските безбедносни сили ја уапсија Дарја Трепова, девојката осомничена дека во кафулето ја донела статуетката, во која наводно имало 200 грама експлозив, поради нејзиното учество во бомбашкиот напад.
На видеото се гледа како Фомин ја повикува Трепова, која наводно статуетката му ја предала на соработник на Фомин, да седне близу него во моментот кога таа почнала да се оддалечува. Таа го послушува и седнува на стол недалеку од Фомин.
Фомин и Трепова разменуваат неколку зборови непосредно пред експлозијата, што се слуша и на видеото. Последните зборови на Фомин кон Трепова биле „па, сѐ е тоа за јавноста“.
Detailed footage of the bombing attack that killed milblogger Maksim Fomin (Vladlen Tatarsky). It shows Fomin asking the alleged perpetrator, Darya Trepova, to sit down near him. She obliges, remaining a few metres away from the epicentre of explosion. pic.twitter.com/wBJJqglhFF
— Leonid ХВ Ragozin (@leonidragozin) April 4, 2023
Трепова потоа ги подава рацете кон Фомин, а потоа со нив го покрива сопственото лице. Во тој момент се слуша експлозијата во која е убиен рускиот блогер, а повредени се десетици луѓе.
Новинарот Леонид Рогозин, кој го објави видеото на Твитер, истакнува дека лицето мора да „има челична волја“ или „да биде целосно луд“ за доброволно да седне толку блиску до епицентарот на експлозијата за која знае дека неизбежно ќе се случи во неколку моменти.
Рогозин посочува и дека Трепова во моментот на експлозијата немала никаков прекинувач или мобилен телефон во рацете за да ја активира експлозивната направа.