сабота, 27 јули 2024

Нова провокација на Радев, „кога ќе ги внесете роднините на Гоце Делчев во Уставот“…

Објавено на

часот

Сподели

Владата на РСМ може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе најде сили да ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав“, изјави Радев.

Тој вели дека преговарачката рамка содржи неразделен дел, а тоа е Протоколот, кој е потпишан од двете земји.

Таму нема прогрес. Затоа зборувам со европските лидери и институции да има движење по тој протокол, зашто таму се учебниците, таму е говорот на омраза, таму се медиумите, таму е отворањето на архивите и извинувањето за етничките репресии кон Бугарите во историјата. Таму има и други важни работи како што е зачувувањето на нашето културно наследство“, рече Радев.

Претседателот додаде дека внесувањето на Бугарите во Уставот е задолжителен услов за почеток на преговорите со ЕУ. Според него, сеењето на омразата кон Бугарите е нешто што трае со децении.

„Ова е доктрина заснована на антибугарска идеологија. Потребно е време додека РСМ да застане меѓу демократските земји и ние мора да помогнеме во овој процес“, изјави шефот на бугарската држава, Румен Радев.

На самитот на Советот на Европа во Рејкјавик македонскиот премиер изјави дека Бугарија кон Македонија се однесува како Русија кон Украина. Ковачевски изјави дека Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права.

„Сите извештаи го потврдуваат тоа“, рече Ковачевски. Тој оцени дека обвинувањата наведени на Самитот од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува  пресудите на Европскиот суд за човекови права и стандардите на Советот во областа на човековите права.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ