недела, 19 мај 2024

Нова победа на Минесота во Денвер, тешки денови за шампионот (ВИДЕО)

Минесота со два брејка се враќа од првите два меча од Денвер откако ноќеска со 106-80 ја доби втората пресметка од полуфиналето во западната конференција, Њујорк со 121-117 беше подобар од Индијана.

Објавено на

часот

Сподели

Минесота одигра уште еден меч со извонредна одбрана и го декласираше актуелниот шампион Денвер и тоа на негов терен. Волците сега водат со 2-0.

Денвер не можеше да најде решение за одбраната на Минесота, постигна само 80 поени и запиша уште еден пораз.

Едвардс и Таунс постигнаа по 27 поени во составот на Минесота, кај Денвер најефикасен беше Гордон со 20 поени, Јокиќ постигна 16 поени, имаше и 16 скокови.

Следните два натпревари од серијата се играат на теренот на Минесота, тоа ја прави работата уште посложена за шампионот.

Њујорк со 121-117 ја совлада Индијана во првиот натпревар од серијата. Тоа беше неизвесен меч во кој домаќините имаа подобар финиш и дојдоа до триумф.

Брансон со 43 поени беше најдобар кај Њујорк, во составот на Индијана, Тарнер реализираше 23.

Резултати:
Њујорк – Индијана 121-117 (1-0)
Денвер – Минесота 80-106 (0-2)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ