сабота, 19 октомври 2024
НБА

Нова победа на Далас, на Дончиќ му фалеше асистенција за трипл-дабл (ВИДЕО)

Далас продолжува со одличниот старт на сезоната, овојпат го победи Шарлот со 124-118, Лука Дончиќ беше најдобар во својот тим, му недостасуваше само една асистенција за да направи трипл-дабл.
 

Објавено на

часот

Сподели

Шарлот одигра одлично прво полувреме кое го доби со 62-50, но работите се променија во вториот дел. Далас ја стигна негативата и на крајот дојде до триумф од шест поени разлика, 124-118.

Лука Дончиќ беше најдобар во составот на Далас со 23 поени, 12 скокови и 9 асистенции. Најдобар на теренот беше Ламело Бол од Шарлот со 30 поени, 13 асистенции и 10 скокови.

Одличниот Мичел го предводеше Кливленд до победа над Голден стејт од 115-104. Тој постигна 31 поен. Најдобар во составот на поранешниот шампион беше Стеф Кари со 28 поени.

Резултати:

Детроит – Феникс 106-120

Сан Антонио – Торонто 116-123

Кливленд – Голден стејт 115-104

Далас – Шарлот 124-118

Портланд – Мемфис 100-112

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ